797
Двајца работници успеале навреме да излезат од објектот на „Жито Битола“, каде попладнево избувна голем пожар, изјави вечерва градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Тој побарал помош за гаснење на пожарот.
-Контактирано е и со околните градови и со Кавадарци. Контактирано е и со директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и со министерот за внатршени работи, Оливер Спасовски. Тоа е стар објект каде пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот. Колку што сме информирани во објектот имало двајца присутни кои го напуштиле објектот, така што, во моментов, немаме информации за не дај Боже, евентуални жртви, кажа Коњановски.