Двајца пешаци се тешко повредени откако биле удрени од автомобили

by Фокус

Двајца пешаци вчера вчера биле удрени од втомобили, поради што се здобиле со тешки телесни повреди.

Како што информираа во полицијата, вчера во 19,00 часот во Неготино, на раскрсница со улиците Цандо Кожинков и Даме Груев, патничко моторно возило „Даихатсу Фероза“ со велешки регистарски таблички, управувано од А.К.(49) од Неготино,  удрило во пешакот Д.Ц.(79) од Неготино.

Истиот ден, во 13,25 часот, на крстосницата од улица Мајка Тереза и Ацо Караманов, патничко моторно возило “Ренџ Ровер” со скопски регистарски таблички управувано од А.Б.Ц.Г. (30) од Скопје удрил во пешакот Ѓ.Ѓ.(20) од Скопје.

Поради сериозноста на повредите, повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.

Поврзани новости