Двајца пациенти од Скопје, по еден од Велес и Прилеп се починатите од Ковид 19

by Fokus

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).

Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.

Досега во земјава се починати 38 лица, а вкупно заразени се 854.

Поврзани новости