Двајца осудени за „Монструм“ ќе бидат на слобода, ако помине законот за амнестија

by fokus

Двајца осуденици за „Монструм“ ќе бидат на слобода ако Собранието го донесе законот за амнестија предложен од министерот за правда Кренар Лога, објави “Слободен печат”. На списокот до кој дошол медиумот се наоѓаат и Хаки Азири и Фејзи Азири кои се осудени на девет, односно на 15 години затвор за кривичното дело – помагање на сторител по извршено кривично дело.

На дел од листата осуденици се и наводно роднини или блиски на функционери од Алијансата за Албанците, но и Горан Смилевски, осуден за грабеж на банка, Сеат Кочан – осуден за предметот „Трансмет“, како и Карлито Бриганде (Вулнет Маќелара) – борец во ИСИС.

Поврзани новости