Судиите Енвер Беџети и Лирие Елези се дел од апелацискиот совет што пред околу еден месец донел одлука со којашто на возачот Ангелче Николов кој возејќи пијан ја усмрти единаесетгодишната Магдалена и избега од местото на несреќата, му ја намали затворската казна од 18 на осум години затвор.
Двајцата судии станаа познати во јавноста откако Судскиот совет при контрола во Апелациониот суд, констатираше дека неоправдано ги одолговлекувале и ги чувале во фиока предметите „Таргет – тврдина“, предметот за масовното прислушување, во кој беше осуден поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков и „Трезор“. Според првостепените затворски казни за овие предмети, Мијалков беше осуден на вкупно 20 години затвор.
Судскиот совет констатираше дека судијата Беџети без ниту една релевантна причина девет месеци го чувал во фиока случајот „Таргет-Тврдина, бил судија известител во овој случај и бил одговорен неговиот тек. Неговото име се споменуваше и при разрешувањето на поранешната претседателка на Судски совет, Весна Дамева.
На Елези пак и требале пет месеци да ја напише писмената пресуда за „Трезор“, со што давјцата судии, како што констатираше Судскиот совет, ги довеле кривичните дела за осудените, на чекор до застарување.
Сепак, по менувањето на Дамева, одговорноста за овие судии се уште не е ставена на дневен ред на Судскиот совет. Претседател на Советот кој ја донел оваа одлука е судијата Ѓоко Ристов, а освен Беџети и Елези, во него биле и судиите Лидија Зимбовска и Енвер Амзаи.
Драстичното намалување на казната предивизика гнев и огромни реакции во јавноста, а адвокатот на семејството на загинатата Магдалена, Јанаки Митровски коментира дека ова е сол на рана.
Ангелов беше осуден на 18 години, а судијката Габриела Гајдова констатираше дека не покажал каење за стореното и го осуди на 18 години. Сепак, Апелација констатираше дека каењето што го дал Николов, Кривичниот суд не го ценел доволно како олеснителна околност и му досудил превисока казна.
Ф.Ф.С.