2
Иранската армија соопшти дека двајца нејзини војници се убиени во израелскиот воздушен напад во текот на ноќта, јавуваат иранските државни медуми.
„Армијата на Исламската република Иран во одбрана на безбедноста на Иран и заштитата на народот и интересите на државата, жртвуваше двајца свои борци, спротивставувајќи им се на ракетите на криминалниот ционистички режим“, соопштија од иранската војска.
Иран соопшти дека се погодени три локации и е предизвикана „ограничена“ штета.