4
Во градски автобус на еден од приватните превозници, синоќа во Скопје било избодено момче со нож, објави „24 инфо“.
Според информациите, двајца напаѓачи ѝ се нафрлиле на 18-годишната жртва на постојката кај трговскиот центар „Сити мол“.
Кусо време по нападот, полицијата уапсила момче на возраст од 15 години, кое признало дека го извршило нападот.
Повредениот тинејџер е задржан на скопските клиники, а напаѓачот во полициска станица.