Двајца лекари и две медицински сестри во амбулантата во Дебар позитивни на корона вирусот

by Fokus

Двајца лекари и две медицински сестри се позитивни на корона вирусот во амбулантата во Дебар, каде е жариштето на корона вирусот, потврди за „Фокус“, министерот за здравство Венко Филипче.

Претходно, на фејсбук за тоа алармираше доктор Арбен Аголи, еден од лекарите во болницата, кој потврди дека вчера биле тестирани и дека денеска ги добиле резултатите.

Според нашите информации, на еден од нивните колеги дека е позитивен на опасниот вирус му било потврдено пред една недела.

Тие, според препораките во наредните 14 дена ќе бидат во карантин.

Во секој момент се очекува официјално соопштение од министерството за здравство.

Доктор Аголи во јавноста стана популарен, откако пред неколку дена објави фотографија на која им се обрати на пациентите дека тие ќе работат за нив, а они да седат дома.

И.М.

 

Поврзани новости