Двајца келнери кои работат во бифето на МВР се заразени од Ковид 19. Според информациите на Телма ги опслужувале канцелариите на четврти кат каде се наоѓа кабинетот на заменик министерката во техничката влада Славјанка Петровска, директорот на БЈБ Сашо Тасевски и дел од советниците на министерот Наќе Чулев.
Петровска вели дека утрово дознала за ова и веднаш комуницирала со епидемиолози. Со еден од заразените последен контакт имала во вторникот, а со другиот во петокот. Средбата била минимална, носеле маски, и не ја служеле министерката туку двајцата гости кои биле кај неа и кои се известени.
Од кабинетот на Наќе Чулев пак велат дека тој немал контакт со келнерите бидејки не го опслужувале неговиот кабинет. Двајцата вработени тврделе дека претходно биле во контакт со советникот на Чулев кој излезе позитивен, доаѓал кај нив за да му варат чај. Се очекува анкетата да покаже дали некој треба да оди во изолација.