Деведесет и едно годишен старец вчера пријавил дека додека се движел кон неговата викенд-куќа на стариот пат кон Велес, непознато женско лице му извршила тешка кражба на дрзок начин, одземајќи му го златниот прстен во вредност од околу 30.000 денари.
„Оштетениот додека се движел кон до надвозникот за реката Пчиња во село Катланово го пресретнало возило од кое излегло непознато лице на возраст од 50 до 55 години и му понудил еден прстен на продажба златна боја, кој пријавителот го купил за сума од 500 денари, а потоа откако лицето се вратило во возилото од истото излегло женското лице на возраст од 55 до 60 години и истата му понудила на продажба уште три прстени златна боја и една нараквица златна боја на што пријавителот одбил да ги купи бидејќи немал пари, но таа го забележала неговиот прстен на десната рака и му рекла дека сака да го види по што во еден момент му го извадила од неговиот прст и се вратила во возилото, притоа оставајќи му ги трите прстени со златна боја и нараквицата и заедно со другото лице го напуштиле местото на настанот“, соопштија од МВР.