Украдена бронзена биста од Страшо Пинџур вредна илјада евра

by Фокус

Засега непознат сторител ја украл бронзената биста со ликот на Страшо Пинџур во истоименото скопско основно училиште, во вредност од околу 66.000 денари, стои во билтенот на МВР.

Според пријавата што ја добила полицијата, кражбата на бистата сместена во ОУ“ Страшо Пинџур“, лоцирано на улицата “Лука Геров“, се случила во временскиот период од 30.04 до 02.05.2018 година.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости