Двајца италијански пилоти на распит во ОЈО

by fokus

Основното јавно обвинителство информираше дека врши испитување на двајца пилоти од Италија кои во моментот на уривање на авионот во близина на Велес биле со други две летала и слетале на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Сите три авиони заедно полетале од Тревизо, Италија.

Од Обвинителството велат дека испитувањето на овие двајца пилоти е со цел  прибирање на податоци и информации.

Во тек е увидот на лице место раководен од јавното обвинителство кои се врши на местото на несреќата. И покрај тешко пристапните услови, се координираат и преземаат мерки за прибирање и утврдување на фактите и причините за несреќата

Поврзани новости