Градоначалникот Дамјановски доби кривична пријава за злоупотреба на службена положба

by fokus

МВР му поднесе кривична пријава на градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски за злоупотреба на службена положба и овластување затоа што пуштил во употреба реконструирана крстосница без употребна дозвола, поради што имало 31 сообраќајка со три жртви. Освен ова, тој доби и кривична пријава за случај  за узурпирано државно земјиште.

-Дамјановски (60) во ноември 2008 година ги пречекорил своите овластувања спротивно на Законот за градење и Законот за јавни патишта, при што одобрил и ја пуштил во употреба реконструираната крстосница во Куманово помеѓу булеварите Трета македонска ударна бригада, Октомвриска револиција и улицата Бранко Богдански – Гуцман, иако знаел и бил должен да знае дека за истото дејствие потребна е употребна дозвола. Поради горенаведеното од периодот на неофицијалното пуштање во употреба на крстосницата до денес се имаат случено 31 сообраќајна незгода во кои три лица го загубиле животот, шест лица се здобиле со тешки телесни повреди, 26 добиле телесни повреди, а вкупната причената материјална штета изнесува 1.455.000 денари, се вели во соопштението на МВР.

Кривични пријави за злоупотреба на службената положба поднесени се и против раководителките на секторот за урбанизам, Лидија Ланг Спасовска и за инспекциски надзор, Верче Лазаревска.

Поврзани новости