467
Основното јавно обвинителство информираше дека врши испитување на двајца пилоти од Италија кои во моментот на уривање на авионот во близина на Велес биле со други две летала и слетале на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Сите три авиони заедно полетале од Тревизо, Италија.
Од Обвинителството велат дека испитувањето на овие двајца пилоти е со цел прибирање на податоци и информации.
Во тек е увидот на лице место раководен од јавното обвинителство кои се врши на местото на несреќата. И покрај тешко пристапните услови, се координираат и преземаат мерки за прибирање и утврдување на фактите и причините за несреќата