Двајца албански дражавјани уапсени при шверц на два тона марихуана

by Fokus

Италијанската полиција на крајбрежјето кај Виесте заплени моторен чамец натоварен со два тона марихуана. Во акцијата се уапсени двајца Албанци.

По добиените информации дека моторен чамец, кој испловил од албанското крајбрежје се движи кон италијаскиот брег, во следењето се вклучил полициски хеликоптер и чамци на Гуарда ди финанца.

Пред два дена во овој дел на иатлијанското крајбрежје во голема полициска акција беше разбиен мафијашки клан на Сакра Корона Унита кој соработувал со албански криминални групи во трговија со дрога.

Ова е последователна успешна акција на италијанската полиција во сузбивање на трговија со марихуана прошверцувана од Албанија.

Имено, во изминатиот период од годинава албанската, италијанската и грчката полиција имаат запленето околу 50 тони марихуана произведена во Албанија. Поголемата количина од запленетата дрога е од италијанската полиција.

Поврзани новости