635
Дваесет и шестгодишен велешанец кој живеел под кирија бил пронајден мртов, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 10,45 часот било пријавено дека во Охрид во куќа на улицата „Питу Гули“ бил пронајден починат А.Д.(26) од Велес, кој живеел како потстанар. Смртта била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.