Татко пријавил дека неговата 14-годишна ќерка побегнала од дом и имала секс со малолетник

by Fokus

Татко пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка три дена го напуштила домот и имала секс со малолетник, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 15,00 часот во Секторот за внатрешни работи Штип, 39-годишен маж пријавил дека на 16.07.2018 година неговата 14-годишна ќерка го напуштила домот и заедно со 16 -годишен малолетник заминале во напуштен објект, каде престојувале три дена и имале сексуален однос. По Наредба на Јавен обвинител над девојчето бил извршен преглед. Од страна на полициски службеници бил извршен разговор со малолетникот во присуство на родител и по целосно комплетирање и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани новости