454
По претходно добиени информации дека денеска (22 мај) околу 12.30 часот автомобил „опел корса“ се движел на патеката за пешаци во Градскиот парк во Скопје, веднаш се преземени мерки од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, соопштија од МВР.
– Лицето е пронајдено и утврдено дека станува збор за П.Л. (20) од Скопје. Против него се преземени мерки согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај и изречени му се соодветни санкции, информираат од МВР.