Блинкен му посвети песна на Путин (Видео)

by fokus

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера одржал говор на церемонијата на доделување дипломи на Универзитетот Џорџтаун. Tој се осврнал и на односите меѓу Америка и Русија и му испрати порака на рускиот претседател Владимир Путин преку песна.

Откако им се обратил на студентите, Блинкен решил да му се обрати на рускиот лидер, поради што му посветил песна од американската поп ѕвезда Тејлор Свифт.

-Моите соработници не ми дозволија да донесам гитара овде за да му ја посветам изведбата на песната „We Are Never Ever Getting Back Together“ на рускиот претседател Владимир Путин. Ми рекоа дека тоа е недипломатски, рекол Блинкен.

Од почетокот на војната во Украина, американскиот државен секретар дава силна поддршка за Украина, истовремено осудувајќи ги постапките на Русија.

-Морам да ви кажам неколку работи во кои сум сигурен. Прво, независна Украина ќе трае многу подолго отколку што ќе трае Владимир Путин. Вака или онака, Украина ќе биде таму, а Путин во еден момент нема. Се надеваме дека оваа војна ќе заврши порано отколку подоцна, така што смртта и уништувањето не можат да продолжат, изјави неодамна Блинкен.

 

Поврзани новости