Дваесет и седумгодишно момче од Битола позитивно на Ковид-19 починало на Инфективната клиника во Скопје. Информацијата ја објави ТВ 21.
Од Министерството за здравство за „Фокус“ ја потврдуваат информацијата и објаснуваат дека момчето како дете било лекувано од еден вид на леукемија која оставила тешки имунолошки оштетувања и тоа било причина за тешката ковид болест.
-Починатиот пациент 27 годишно момче, хоспитализиран е на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од 27 јули. Пациентот како дете бил лекуван од малигна болест на крвта во ремисија десетина години. Станува збор за акутна миелоидна леукемија, болест која и после долгогодишна ремисија остава тешки имунолошки оштетувања кои се причина за ваква тешка ковид болест, велат за „Фокус“ од Министерството.
Момчето е еден од најмладите пациенти починат по зараза со Ковид – 19, после дваесет и четиригодишната девојка од Тетово која почина на Инфективната клиника.