360
Дваесет и петгодишно момче било претепано пред ноќен клуб на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, информираа од МВР.
Според полицијата, на 10.03.2018 година во 00.30 часост пред ноќен клуб на улица “Јордан Мијалков” од страна на група непознати сторители бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад над лицето Н.Б.(25) од Скопје. Од физичкиот напад оштетениот се здобил со видливи повреди скршеница на горната вилица, оток и други повреди на главата.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.