502
Во куќа во скопската населба Ѓорче Петров синоќа по полноќ била фрлена кашикара, информираа од МВР.
Според полицијата, на 11.03.2018 година околу 00.40 часот во Скопје, во двор од куќа во населба Ѓорче Петров, сопственост на Д.С.(43) непознато лице фрлило експлозивна направа (најверојатно кашикара). Повредени лица нема, а од експлозијата е предизвикано оштетување на куќата и на две патнички моторно возила „Мерцедес“ и „Шкода Фабија“ кои биле паркирани во дворот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.