Дваесет и двегодишно момче почина при превртување на трактор

by fokus

Дваесет и двегодиншно момче од Кичево вчера починало откако било нагмечено од тракторот кој го управувал. Тракторот се превртел и го пригмечил, а неговиот сопатник успеал навреме за скокне од приколката и да се спаси.

-На 17.03.2018 година околу 19,30 часот било пријавено дека во Кичево на локалниот пат кон с.Папрадиште В.Ш.(22) од с.Попојани, управувајќи трактор со приколка во која било лицето Н.Ш. (41) изгубил контрола над истиот и се превртел, по што Н.Ш. скокнал од приколката, а В.Ш. бил нагмчен од тракторот и починал на самото место. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево. Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството за погреб, известија од МВР.

Поврзани новости