470
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Р.Ј.(22) од село Милетино, општина Брвеница за сторено кривично дело „Приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган” од Закон за игрите на среќа и забавните игри.
На 13.02.2011 година во село Милетино, од страна на полициски службеници, при контрола во објект без фирма лоциран во село Милетино, бил затекнат пријавениот како приредува забавни и игри на среќа, без да поседува соодветна лиценца, односно дозвола издадена од надлежен орган. При тоа во наведениот објект биле пронајдени и одземени три покер апарати.