Кривична против екс директорот на Здравствениот дом во Крива Палана, земал телефони и ТВ приемници без евиденција

by fokus 10:14
10:14

Поднесена е кривична пријава против Р.М.(60) од Крива Паланка за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на 2013 и 2015 година, пријавениот како директор на ЈЗУ „Здравствен Дом“ Крива Паланка, при склучени договори за комуникациски услуги помеѓу ЈЗУ „Здравствен Дом“ Крива Паланка и мобилен оператор, подигнал мобилни телефонски апарати и ТВ приемници, при што истите не ги евидентирал во книговодствената евиденција на ЈЗУ, ниту ги доделил на вработените во ЈЗУ.

Исто така, во текот на 2013, 2014 и 2015 година, пријавениот, за телефонски број регистриран на претплатник на ЈЗУ „Здравствен дом“ Крива Паланка, извршил уплата од 168.007 денари.

- Advertisements -

Со ваквите дејствија пријавениот го оштетил ЈЗУ „Здравствен Дом“ Крива Паланка, Буџетот на РМ и Фондот за здравствено осигурување на РМ во вкупен износ од 809.607 денари.

Поврзани новости