531
Два последователни земјотреси со епицентар во Јадранското море, во близина на Албанија попладнево беа почувствувани и во Скопје.
Едниот земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван, петнаесет минути пред 16 часот, а следниот земјотрес само по осум минути со јачина од 3,1 степен според Рихтер.
Тлото во Албанија не престанува да се тресе во Албанија, по катастрофалниот земјотрес што се случи пред повеќе од 24 часа во кој има десетици жртви и стотици повредени.