Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо по втор пат за еден месец ќе одржи концерт во земјава. По првиот, кој се одржа на први август во Антички театар Охрид, тој на 20-ти август ќе запее во Хераклеа, Битола.
И двата концерти се во организација на Pragma music entertainment.
Согласно протоколите за одржување на јавни настани кои се одобрени од Министерството за здравство и од Комисијата за заразни болести, за заштита од вирусот Ковид -19, во продажба за концертот во Охрид беа пуштени само 1000 карти.
Задолжително беше носењето на маска на секој посетител, а влезниците се продаваа по цени од 800 до 1.500 денари.
За најавениот концерт во Битола, носењето на маска е задолжително за секој посетител, а пуштени биле 600 карти во продажба.
Лани во декември пак, Грашо одржа три концерти во Македонската филхармонија.
Вики Клинчарова