Душко Млекарот бара политички азил, полицијата не му дава пасош

by Fokus

Фармерот Душко Илиевски бара политички азил зашто како што вели не може повеќе да ја издржи тортурата од државата, но се жали дека од полиција не му издаваат пасош, објави порталот „Сакам да кажам“

-Како што во 2010 година ми се случуваа протисоци со полицијата и со судот , еве сега и во 2016 година ми се случуваат истите проблеми. Денес утрово ме викнаа телефонски да сум се јавел во полиција. Што е ова, во сабота и недела имаат слободни термини за мене да ме викаат? Дома комбиња ми идат небаре свадба ќе правиме, што згрешив толку за да ме малтретираат? Деновиве инспектори поминаа покрај моите ниви со уште еден битолчанец. Фотографираа таму. Нивата е полна со дива марихуана како и пред шест години. Во која бавча да одам ме снимаат, што сликаат не знам – вели Душко.

 

Поврзани новости