Вкупно 2.571 спорни гласачи се пријавиле во ДИК

by Fokus

Вкупно 2.571 граѓани, чии записи во избирачкиот список се спорни, се пријавиле во Државната изборна комисија (ДИК), објави Мета.

Од нив, 1.003 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии, како и во доплнителните канцеларии на ДИК, додека 1.568 граѓани за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на ДИК.

Најмногу граѓани со спорни записи во избирачкиот список се пријавиле во општините Чаир, Сарај, Тетово, Аеродром и Кичево.

Поврзани новости