Душек за во вода за дами со големи гради

by fokus

Британскиот бренд за долна облека „Брависимо“ промовира душек на дување за жени со големи гради.

Жената со големи гради може и да е меѓу соништата на мажите, но во реалноста таа си знае со какви проблеми се среќава поради обемот на градите.

Сега веќе нема да има пречки при пловење со душекот на „Брависимо“ кога „надарените“ дами ќе лежат на стомак.

Производот е во розова боја и е стандардна форма со дополнителен простор во предниот дел за градите.

Идејата за овој тип на душек беше зачната како првоаприлска шега, но по неколку месеци веќе стана реалност.

Поврзани новости