СДСМ: Експертска група утврди искривување на вистината во Музејот на ВМРО

by fokus

Експертска група на Министерството за култура побарала утврдување на лична одговорност на одговорните лица за изградба на Музејот на ВМРО, затоа што констатирала суштински прекршувања на неколку закони и судир на интереси при реализацијата на идејата за изградба, велат од СДСМ. Партискиот музеј на ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од таму, може да биде симбол само на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го одбрани направениот криминал.
Најголема лага е тврдењето дека на било каков начин се брише македонската историја. Напротив. Токму експертската група констатира „искривување на историските вистини при формирање на македонската држава“ и предлага „соодветна промена и на постојната музејска поставка во оние делови кои се спротивни на историските вистини“, велат од партијата.

Од таму прашуваат зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака вистинска, реална слика за историските вистини и што има против ВМРО-ДПМНЕ во Музејот да бидат прикажани оригинали – документи за македонската историја, карти, фотографии, публикации и др., наместо восочни фигури изработени во Украина – кои не се дел од нашето историско и културно наследство.

„Зошто ВМРО-ДПМНЕ се против експертските укажувања во Музејот да бидат прикажани и настани и документи и од перодот на прогласување на независноста на 8. Септември 1991 па се до денес? Наместо скапо платените восочни фигури на Хитлер, Мусолини и Ванчо Михајлов, кои се симбол на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ, вистинската македонска историја треба да си го најде соодветно место. Не затоа што така сака некоја партија, тоа време заврши, туку затоа што така е правилно, врз основа на соодвена научна и стручна проценка на оние коишто се најповикани, експертите“, велат од владејачката партија.

Поврзани новости