Дурмиши: Западен Балкан има потенцијал, потребна е доверба за раст

by irena 14:47
14:47

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, зеде учество на „Kosovо Finance Forum 2026“, каде одржа говор на тема „Изградба на доверба на финансиските пазари во Западен Балкан“, информираат од неговиот Кабинет.

Настапувајќи, министерот Дурмиши потенцира дека довербата претставува клучна претпоставка за инвестиции, економски напредок и стабилност, особено во период на променливи економски и геополитички околности.

Тој подвлече дека европските интеграции се задржуваат како наша стратешка цел и главен мотор за економските реформи, насочени кон остварување на предвидлива, транспарентна и конкурентна економија.

Според објавеното, министерот истакна дека пристапот до финансиски средства е од суштинско значење за индустрискиот развој, при што Владата активно работи на креирање политики кои поттикнуваат инвестиции, создавање нови работни места и развој на современи индустрии.

Во таа насока, акцентот е ставен на дигиталната и зелената трансформација, како главни двигатели на економскиот раст.

“Дурмиши извести дека преку нови финансиски инструменти, грантови и механизми за ко-инвестирање се олеснува пристапот до капитал, особено за малите и средни претпријатија, кои се столбот на економијата. Дополнително, со основањето на Агенцијата за иновации и развој – ИНОВА, се зајакнува институционалната поддршка за иновации, истражување и развој”, рече тој.

Слични вести