МВР информира дека вчера попладне во 17:10 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.П.(46) од битолско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ упатил закани.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, пак, поднесе кривична пријава против К.А.(35) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
По претходна расправија во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга и ѝ упатил закани на неа и нејзиното семејство.
Вчера попладнето во 19:14 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Д.М.(35) од село во Крива Паланка затоа што физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ се заканувал.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Рано утринава во 01:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.А.П.(41), постапувајќи по претходна пријава дека вчера во домот физички ја нападнал неговата 55-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.