Лидрот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги објави денеска имињата на неговите нови соработници, тимот е составен од експерти и професори кои ќе му помагаат на Мицкоски во креирањето политики. Меѓу нив се шеснаесетина експерти кои ќе делуваат како стратешки соработници за одредена област.
Гордана Силјановска ќе биде стратешки соработник за прашања од областа на правото
Сашко Кедев ќе биде стратешки соработник за прашања од областа на медицината
Владимир Дуковски – стратешки соработник за образовни политики
Игор Дурловски е новиот стратешки соработник на Мицкоски за прашања од областа на културата
Влатко Гигов – стратешки соработник за нови производи и социјални медиуми
Борко Ристовски – стратешки соработник за прашања од областа на спортот
Сања Божиновска – соработник од областа на енергетиката
Лазар Јовески – за трудово право и социјална политика
Зоран Марков – за машинска индудстрија
Гоце Наумовски – соработник за прашања од областа на интелектуалната сопственост и авторските права
Гоце Андреевски – соработник за прашања од областа на бизнисот
Александар Климовски – соработник за корпоративно право
Коста Митров – соработник за прашања од овласта на банкарската политика