Хуман предизвик во Неготино: Купете појадок за сограѓаните кои тоа не можат да си го дозволат!

by Fokus

Хуманитарен предизвик, со наслов – Условен појадок е актуелен во Неготино, а истиот наиде на поддршка и одобрување од страна на граѓаните. Се работи за еден вид на хуманитарна акција, која што започна да ја применува пекара Емиа.

Како што информираат од пекарата, условниот појадок е наменет за поединци кои што не можат да си дозволат да појадуваат како останатите, односно за социјални семејства и поединци. Во пекарата на одбележаното место била оставена кутија за прилози, во која посетителите можат да донираат средства според можност и желба, а истите ќе биле искористени за да добијат појадок, односно производи од пекарата, лицата на кои тоа им е потребно.

-На крајот од месецот сите собрани условни појадоци кои нема да бидат искористени од страна на нашите граѓани ќе бидат наменети за хуманитарни цели! Да докажеме уште еднаш дека Неготино е хуман град – порачаа од пекарата која се наоѓа во центарот на градот.

Поврзани новости