Дури 69 пациенти се хоспитализирани во ковид центарот во Кавадарци

by fokus

Во ковид центарот во кавадаречката болница се хоспитализирани 69 пациенти, што е највисок број досега, од почетокот на пандемијата.

Директорот на болницата д-р Диме Коцев појаснува дека има 26 слободни места.

-Капацитетот е зголемен со модуларната болница која е ставена во функција, и сега изнесува 95 болнички кревети. Исто така, инсталиравме и централен довод на кислород во модуларната болница – изјави директорот Коцев.

Тиквешијата изминатиот период е на удар на вирусот. Во Кавадарци моментално се активни 496 случаи, во Неготино 304, а во Демир Капија 31 случај. Во ковид центарот во Кавадарци се хоспитализираат лица од сите три општини, како и од Општина Росоман.

Со цел спречување на ширењето на заразата во Неготино веќе неколку дена се на сила мерки, помеѓу кои забрана за користење на јавните површини, спортски терени, паркови и седење на клупите на градскиот плоштад и околу спортската сала, како и забрана за продавање на свои производи на градскиот пазар на лица кои не се жители на општината.

Вики Клинчарова

Поврзани новости