Дури 535 нови заразени со корона вирусот!

by fokus

Вице премиерот Артан Груби во вечерашното гостување на ТВ24 ја објави последната статистика за бројот на заразени од Ковид-19.

Тој истакна дека во изминатите 24 часа се регистрирани нови 535 заразени, а биле направени 2.445 тестирања. Најголемиот дел од заразените, односно 277  се од Скопје.

Во истиот период се регистрирани и шестмина починати, а 168 оздравени пациенти.

Поврзани новости