Од вкупно 1.300 заболени од опасниот корона вирус, 449 воопшто немале никакви симптоми, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје, во кој не се објавени само денешните податоци.
Од тука може да се заклучи дека овие 449 пациенти, кои немале никакви симптоми можеле слободно да се движат и да ја шират заразата, без да знаат за тоа.
Исто така, во извештајот може да се забележи дека има многу заболени и здравствени работници, па таа таа бројка изнесува 218 досега, од кои повеќето се од Кумановската општа болница, чија функција е ставена во прашање.
Во извештајот уште се наведува дека досега се регистрирани 57 смртни случаи, од кои најголемиот број се на возраст над 60 години, а од починатите, 43 имале и други хронични заболувања.
Во денешниот последен извештај на министерството за здравство регистрирани се еден починат пациент од Скопје на 80-годишна возраст, 26 новозаразени и уште 36 излекувани пациенти.
И.М.