Казни за 28 лица од тиквешкиот регион поради непочитување на препораките

by Fokus

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 обвинети во Основниот суд Кавадарци и за 11 обвинети во Основниот суд Неготино, за лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на, соопштија од ОЈО Кавадарци.

– Обвинетите не ги почитувале мерките со кои се определува забрана за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија во одреден временски период, па се движеле пеш низ Кавадарци или Неготино, за време додека во сила бил полицискиот час, велат од обвинителство.

За сторените кривични, обвинителството на надлежниот суд му предложи на обвинетите да им изрече парична казна во висина од 40 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​

Поврзани новости