Според статистиката на МВР, идентичен број на граѓани настрадале во истиот месец и минатата година.
-Сo ова се потврдува фактот дека најголем број на загинати во сообраќајни незгоди има во летните месеци јули и август, велат од МВР.
Од таму додаваат дека во текот на првото полугодие од 2014 година, на патиштата во Македонија се случиле вкупно 1.716 сообраќајни незгоди со потешки последици.
-Во изминатиот период Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати контроли при што од 08.08 до 18.08.2014 година беа алкотестирани 2.568 возачи, од кои утврдено е присуство на алкохол кај 298, исклучени од сообраќај беа 226 возачи, времено се одземени 178 возачки дозволи и 1514 возачи ја пречекориле дозволената брзина, објаснуваат од министерството.
Од МВР додаваат дека продолжуваат со реализација на предвидените превентивни кампањи, а најавуваат и дека ќе продолжат зајакнатите сообраќајни контроли.
Како дел од кампањата, министрката Гордана Јанкуловска, денеска на наплатната рампа Петровец- Скопје делеше едукативни флаери за возачите.