Дури 184 здравствени работници се излекувани и вратени на работа, истакна Филипче

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека над 50 здравствени работници од 70 заразени се оздравени и се вратени на работа во Кумановската болница.

„Дури 184 здравствени работници се оздравени, со два негативни теста и сите се вратени на работа. Утре ќе имаме состанок со директорите на клиниките, за враќање на работата во нормала. Ќе има некои мали измени со мој термин – истакна Филипче.

Тој додаде дека сака да ги отфрли шпекулациите дека поради некакви политички цели се намалуваат тестирањата.

„Тоа не е точно. Тоа што имаме намален број на тестирања е тоа што бројот на активни пациенти се намалува – вели Филипче.

 

Поврзани новости