674
Дури 15 здравствени работници од кумановската болница се позитивни на корона вирусот досега, потврди за „Фокус“, директорката на Кумановската општа болница, Снежана Захариева.
Тројца од заболените од коронавирусот се од одделението за рендген, тројца од хирургија, една сестра од гинекологија, еден болничар од инфективното одделение и еден специјализант од инфективното одделение.
Претходно беа заразени двајца лекари и две медицински сестри.