Дунавка Трифуновска до Министерката за култура: Бети, инвестирај во мене…

by Фокус

Моделот, учесничка во голем број на избори за убавина и фармацевт, Дунавка Трифуновска, има интересна понуда за за министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.

Според неа, за да биде една земја примамлива и претставена во најдобро светло пред светот, владата, и посебно министерството за култура, треба повеќе да инвестира во женската убавина, па затоа Трифуновска отворено и порачува на Милевска -,,Бети, инвестирај во мене,,.

,,Не знам зошто нашата држава е глува и слепа кога се во прашање изборите за убавина на кои што во целиот свет им се придава големо значење. Како што политичарите не претставуваат пред другите земји со своите постапки и излагања, така и мисиците на изборите за убавина се олицетворение на земјата од која што доаѓаат.

Затоа, нормално би било кога ние, убавиците би добиле било каква поддршка од нашата влада, бидејќи под знамето на нашата земја чекориме на модните писти на разни избори за убавина и останати културни и модни манифестации. Срамота е кога мисиците се принудени сами да се снаоѓаат и да трчаат по спонзори, за да можат да си дозволат соодветна гардероба, авионски билети и промотивни материјали за време на некој избор, бидејќи сите тие ја носат лентата на која што пишува Македонија. Досега сум била на многу интернационални модни настани, но никогаш не сум добила конкретна помош од државата.

dunavka2

Сите трошоци ги подмирувам сама, никој од Министерството за култура или пак било која државна институција не прашал како ми е и дали нешто ми треба. Како никој во земјава да не е заинтересиран за култура, за убавина, за сликата која што му ја нудиме на светот за нас. И не само убавиците, тука спаѓаат и спортистите, пејачите, актерите. Сите сме ние амбасадори и заслужуваме владата, а посебно Министерството за култура и министерството за туризам  да се ангажира околу нас. Кога лани бев во Тајланд, сфатив колку се среќни претставничките на другите земји, бидејќи зад секоја од нив стоеше нивното министерство за туризам или за култура. Треба да го освојуваме светот со убавина, а не со кипови и статуи, затоа што жената е најубавиот украс на една земја,, – вели Дунавка која што лани го сврте вниманието на јавноста со своето учество на изборот за Мис Гранд Интернационал во Тајланд.

,,Мислам дека околу оваа тема, картите во раце ги има токму Елизабета Канческа – Милевска, и таа е личноста која што треба да направи промени во земјава кои што ќе бидат за доброто на сите. Мора да се воведат некои нови стандарди, да се одобрат субвенции за сите девојки кои што не претставуваат на било каков настан од интернационален карактер, да им се овозможи достоинствена презентација, да бидат релаксирани за време на изборите, наместо да се оптеретуваат со финансиски прашања. Јас имам долгогодишно искуство во моделството и во изборите за убавина и знам точно што зборувам. Инвестицијата во убавина е една од најисплатливите и не треба да се потценува моќта на женската убавина. Сите сме сведоци на скандалите кои што токму поради финансии се случуваат секоја година кога е време за еден од најпознатите избори, изборот за Мис на светот, и време е тоа да се смени. И не само за тој избор, туку и за сите останати на кои што некоја девојка со гордост решила да го претставува нашето име и култура. Си стојам зад секој мој збор, па еве и отворено го повикувам Груевски или пак министерката за култура, Бети, слободно да ме побараат за било какви консултации околу ова прашање. Од се срце ќе помогнам, во име на љубовта кон Македонија.

DSC_1433

При тоа го поздравувам заменик министерот за култура, Драган Недељковиќ, кој што во својот кабинет има вработено одличен модел, познатата Викторија Јаначковиќ, а знам дека дури и Никола Груевски лично му честитал на изборот, и порачувам и другите политичари да го следат неговиот пример, оти убавите жени можат да направат многу за нашата држава.,, – изјави Дунавка која што е присутна на модната сцена околу 20 години и зад себе има учества на многу модни настани и избори за убавина. Како модел има работено во Италија и во соседна Србија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости