493
Иако пред десетина дена Виолета Дума даде свечена изјава заедно со новиот тим на ДИК, таа сега ќе ја напушти фукнцијата поради исполнување улови за пензија. Таа беше избрана по предлог на СДСМ, а предлог-одлука за разрешувањето на Дума ќе се усвојува утре, на седницата која ја закажа собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.
За пополнување на местото на Виолета Дума, член на ДИК на предлог на СДСМ, ќе биде распишан јавен оглас. Најсериозен кандидат за наследување на Дума е поранешната пратеничка Цветанка Иванова.
ДИК треба да избере и генерален секретар, откако за оваа фукција беше распишан јавен оглас. Според информациите од ДИК, на огласот се пријавиле 14 кандидати.