Јанева: Сите субјекти да се воздржат од етикетирање на Специјалното обвинителство

by Фокус 18:44
18:44

Бевме свесни дека нашата работа нема да биде имуна на критики и дека различни субјекти ќе се обидуваат да ја интерпретираат работата на ова Јавно обвинителство ,зависно од нивните интереси, вели Специјалната обвинителка во допис до телевизија 24 Вести.

-Уште еднаш апелираме сите субјекти да се воздржат од етикетирање и дискредитирање на Специјалното  обвинителството, кое ќе  гони осомничени за криминали, поврзани и произлезени од содржината на прислушувањето, стои во дописот.

- Advertisements -

Јавното обвинителство ја уверува јавноста дека постапува професионално, почитувајќи ги законските прописи, при што во предвид се зема и домашната и меѓународна судска пракса, така што, како што стои во дописот, изнесените обвинувања се крајно неосновани.

 

 

Поврзани новости