Дукоски: Чавков им го спаси животот на пратениците

by fokus

Одбраната на обвинетите за настаните во Собранието на 27 април минатата година, денеска во воведните говори пред судот го негираа обвинението против нивните клиенти, тврдејќи дека обвинетите не сториле никакво кривично дело, а најмалку тероризам, уривање на уставниот поредок или акт на насилство.

Бранителот на Митко Чавков, адвокатот Сашо Дукоски, во воведниот говор рече дека Чавков дал наредба за упад на полициските сили во Собрание и за употреба на шок бомби и е заслужен за формирањето полициски кордон за извлекување на пратениците од Собранието во оклопно возило и транспорт во касарна во Ѓорче Петров. На тој начин, според Дукоски, им ги спасил животите.

– Како може за еден ист настан по време, место и дејствие да има различни дела. За вршење тероризам и загрозување на уставниот поредок треба да има умисла, а тоа го нема, рече Дукоски.

Нагласи дека врз основа на ливче хартија која нема ни статус на подзаконски акт и е само уредба на Чавков се сака да му се импутира дејствие на умисла бидејќи специјалните сили се вклучуваат по наредба на началник на централни полициски сили или по наредба на директор на БЈБ или директно од министер. – Зошто другите двајца се амнестирани, праша Дукоски.

Поврзани новости