ДУИ реагираше на денешната „бомба“ која ја објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, и ги демантираше сите обвинувања. Од партијата која е на власт, велат дека Заев ги извадил од контекст денеска објавените разговори од функционери на ДУИ.
-Остануваме на ставот да се објават сите прислушувани разговори за нашата партија, без притоа да се извртат со цел свесно погрешно интерпретирање и манипулирање со јавноста, и истите да се процесираат низ институциите според желбите на опозицијата, велат од ДУИ.
Во реакцијата уште се вели дека доколку низ постапка се докаже вина, ДУИ нема да заштити никого, но исто така доколку се докаже дека обвинувањата се засновани на тенденциозно вадење од контекст на приватни разговори помеѓу функционери, истото да се објави.