ДУИ: Тие што се плашат од ветинг најгласно напаѓаат

by irena 14:51
14:51

„ВМРО-ДПМНЕ, политичка партија обвинета за заробување на државата и галопирачка корупција, денес држи лекции за морал и за олигарси. Трагична иронија! Сите знаат кој ги направи милионите од криминалните приватизации, кој ги зароби институциите, кој ги претвори Обвинителството и Судовите во партиски канцеларии и кој се збогати врз потта на граѓаните. Да, тоа се истите што денес обвинуваат други. Ставот на ДУИ е јасен и непроменет: бараме целосен ветинг и сеопфатна истрага, без исклучок“ соопштија попладнево од опозициската ДУИ.

Од партијата предводена од Али Ахмети бараат „Поддршка за предлог-законот на ДУИ за ветинг со меѓународен надзор како гаранција за бескомпромисна правда, истрага за сите политички партии и носители на јавни функции во последните 33 години: министри, пратеници, градоначалници, директори, судии, обвинители, истрага на имотот и неговото потекло за секој функционер, темелна истрага за процесот на приватизација кој создаде недопирливи олигарси и страга на дејствијата на безбедносните служби и нивните функционери од 1945 година до денес (ОЗНА, УДБ, СДБ, ДБК, УБК, АНБ)“.

„ДУИ не само што не се плаши од контрола, туку инсистира на ветинг кој ќе ја исчисти политиката и ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите. Тие што денес најгласно викаат, токму тие знаат дека овој процес ќе го открие она што јавноста одамна го знае и слуша. ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за корупција – тие се шампиони во тоа, што е потврдено и во меѓународните извештаи. Доста со лични напади и лаги за да се прикријат политики кои ги рушат меѓуетничките односи и се обидуваат да вратат етничка супериорност“ е ставот на ДУИ.

Слични вести