386
Сите политички партии и другите општествени чинители да демонстрираат целосна одговорност кон демократијата, меѓуетничките односи и интегративните процеси, повика ДУИ по повод обвинението за обид за рушење на државниот поредок и шпионажа од страна на четири лица, вклучително и лидерот на опозицијата Зоран Заев.
„Државните институции вклучувајќи го судството и обвинителството, треба да пристапат кон овој случај со полна транспарентнoст и интегритет и почитување на презумпцијата на невиност на обвинетите. Имајќи ја вo предвид и ранливоста на демократските процеси во земјата, сметаме дека и меѓународната заедница треба да се вклучи со должно внимание за градење на одржливи демократски стандарди во земјата“, порачаа од партијата на Али Ахмети.