Новата влада се крчка тивко и далеку од очите на јавноста. Иако засега ни од ВМРО-ДПМНЕ ни од ДУИ не потврдиле дека се водат преговори, провладините медиуми веќе пишуваат дека до крајот на неделата, двете партии ќе го објават официјалниот старт на преговорите.
Централното претседателство на ДУИ денеска треба да донесе и формална одлука за почеток на преговорите со ДПМНЕ. Иако голем дел од членството во ДУИ негодува за повторно коалиција со Никола Груевски, сепак Али Ахмети вели дека и тоа е опција.
Инаку, мандаторот Груевски има уште две недели за да обезбеди мнозинство во Собранието и да го формира својот кабинет. ВМРО-ДПМНЕ на изборите освои 51 пратеничко место, а десетте пратеници на ДУИ се доволни за да обезбедат тесно мнозинство во законодавниот дом.